Раководството на Интер веќе неколку дена беше во интензивни преговори со Барселона за трансфер на играчот за врска, Рафиња Алкантара. Италијанските медиуми синоќа пренесоа дека „нероаѕурите“ доставиле нова, побогата понуда за плејмејкерот и дека се чека само одговор од Барселона. Имено, Интер за Рафиња понуди позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп за 35 милиони евра следното лето. …