Дома Трансфер зона Иниеста во дилема: Кина или Јапонија?

Иниеста во дилема: Кина или Јапонија?

Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста се уште нема донесено конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Иниеста потврди дека на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона. Плејмејкерот има многу богати понуди и истакна дека конечната одлука ќе ја соопшти следната недела.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ми претстои веројатно да ја земам најважната одлука во мојот живот. Размислувам за две варијанти – Кина и Јапонија, секоја со свои нијанси. Сега ми е потребно да проценам сè и да одлучам што ќе биде подобро. Се надевам дека следната недела ќе можам да ја објавам одлуката за да се фокусирам на подготовките за Светското првенство“, изјави Иниеста.

Иниеста дебитираше за Барселона во 2002 година, до сега одигра 435 натпревари и стекна легендарен статус. Со клубот и репрезентацијата ги освои сите можни трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…