Беше еден од најдобрите албански фудбалери на сите времиња, лидер и капитен, но мораше да стави крај на одличната кариера.
Поради проблеми со срцето, Цана и официјално ја заврши богатата фудбалска кариера. Капитенот на репрезентацијата на Албанија за националниот дрес за својата земја одигра 93 натпревари и постигна еден погодок.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во текот на кариерата настапуваше за голем број респектабилни клубови, а најголемиот дел од својата професионална кариера го помина во француската лига каде со успех го носеше дресот на ПСЖ, Марсеј и Нант кој беше негов последен клуб.
Информацијата за конечен крај предизвика бројни реакции во албанската јавност бидејќи фудбалерот беше вистински лидер на репрезентацијата која успеа да се пласира на историското Европско првенство минатата година во Франција.
Цана е роден во 1983 година во Приштина.