Дома Македонски спорт Мак ракомет Taлески: Не се плашиме од никого, играме модерен ракомет

Taлески: Не се плашиме од никого, играме модерен ракомет


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



По отсуството поради повреда Филип Талески се очекува да биде еден од предводниците на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска.

Македонија ја очекуваат предизвиците во Краков, а Талески посакува успех и потенцира дека не се плашат од никого.

„Имаме тешка група, но сигурно нема да се предадеме против никого. Имавме многу време да се подготвиме и мислам дека тоа многу добро го направивме. Првиот натпревар го играме против Норвешка кој е еден од фаворитите за златото, но тоа секако не треба да не плаши.

Мораме да одиме чекор по черок и да се обидеме да направиме некое изненадуѕвање. Станавме репрезентација која игра модерен ракомет, постигнуваме голови, но и треба повеќе да се фокусираме на одбраната“, изјави Талески.

Големи очекувања од Македонија има и селекторот Кирил Лазаров (тука). Првиот натпревар Македонија го игра со Норвешка во петок од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

И на Барселона и пропадна трансфер поради неколку секунди

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Во последните моменти од преодниот рок Барсе…