Дома Фудбал Ќе има многу промени: Еве како може да изгледа Реал Мадрид со Мурињо – нема место за Винисиус!

Ќе има многу промени: Еве како може да изгледа Реал Мадрид со Мурињо – нема место за Винисиус!

Арбелоа нема да го задржи местото тренер на мадридскиот тим. Дојде во многу тежок период, но не успеа да донесе позитивни промени во играта на Реал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако постоеше надеж дека Арбелоа ќе може да го врати Реал Мадрид на вистинскиот пат, сепак не успеа да се покаже како новиот Зидан.

Очигледно е дека Реал Мадрид е пред сезона без трофеи, што е незамисливо за толку голем клуб.

Мурињо е познат по својата способност да ги модифицира своите формации и тактики преку долгогодишната кариера, а Реал во последно време игра во шема 4-2-3-1.

Токму оваа формација е и неговата омилена опција додека ја водеше Бенфика оваа сезона, која заврши трета во португалското првенство.

Тимот на Мурињо наводно би можел да изгледа вака.

На голманската позиција би бил Тибо Куртуа. Тој е еден од најдобрите голмани во светот и неговото отсуство се почувствува значително во Реал Мадрид поради повреди оваа сезона.

На десната бековска позиција би бил репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ. Трент Александер-Арнолд нема сезона како од бајка. Мурињо го преферира Дедиќ, бидејќи игра одлично и во напад и во одбрана и има тактичка флексибилност. Наводно, тој би бил единствениот играч што би сакал да го земе од Бенфика.

Како стопери би играле Рудигер и Едер Милиιтао, два искусни играчи во кои Мурињо има голема доверба.

На левата бековска позиција би застанал Алваро Карерас. Иако имаа измешани резултати во првата сезона, Мурињо е задоволен од него.

На позициите на двајцата централни играчи за врска би играле Чуамени и Родри, кој Мурињо сака да го донесе од Манчестер Сити.

На десното крило ќе игра Феде Валверде, кој Мурињо многу го ценува за неговата работна етика на теренот.

Креативниот играч за врска би бил Џуд Белингем, додека на левото крило кај Мурињо би играл Арда Гулер.

Во нападот, секако, би бил Килијан Мбапе, а според сите процени, за Винисиус Жуниор нема да има простор во стартната постава, веројатно ниту воопшто во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново утре ја чека „жешка“ атмосфера во Штип – Брегалница објави важно соопштение!

Од ФК Брегалница објави важно известување до навивачите пред утрешниот натпревар. Улични к…