Eден од најдобрите македонски ракометари, Филип Талески беше гостин во подкастот „Лазаров“ каде што сподели детали од неговата кариера, а не можеше да биде отворена и темата со полицаецот кој го удри во натпреварот против Еурофарм Пелистер.
Во финалето од Купот на Македонија, Талески беше удрен од полицаец и сега за првпат детално раскажа што се случувало и што размислувал во тие моменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец признава дека за малку ќе му врател на полицаецот, но реагирал друг полицаец кој го спречил во таа намера.
„Искрено, сакав да вратам со иста мера, од Господ даден некој човек колега негов, ми рече ‘не прави глупост’, само тој збор ми го рече и јас одма се свестив, ми дојде во глава дека, ако направам нешто, ќе бидам јас виновен. Изреагирав многу присебно. Потоа имаше вербален дуел, се гледа тоа и на снимката, јас му шепнав на уво, може и да кажам што, но ќе биде цензурирано. Го опцув јако. Можеби и нему му падна неубаво, видов дека изреагира така, но…
Мислам дека полицијата е тука да го штити народот, а не да го тепа. Ти си тука да нè вардиш и да нè чуваш, а ние сме тука да бидеме послушни. Така што во тој момент се почувствував лошо и потоа по пат кога се враќавме накај Скопје. Се почувствував како запоставен од својата земја. Го носам со гордост дресот на Македонија, бидејќи секогаш сум давал максимум, некогаш добро, некогаш лошо и си реков сè ќе направам за да одговара тој полицаец. Слушав дека сакал да ми се јави, да ми се извини, но не ми се јавил. Ако сака нека се јави, јас сум тука ќе му простам“, изјави Талески.
Целиот разговор можете да го погледнете на „Јутуб“ каналот на Лазаров.