Дома Фудбал Лига на шампиони Tрипие: Симеоне е луд за фудбал, ме будеа неговите повици

Tрипие: Симеоне е луд за фудбал, ме будеа неговите повици

Tренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е опседнат со фудбал тврди англискиот репрезентативец Киеран Трипие.

Трипие е играч на Атлетико од 2019 година, а овој јануари се пресели во Њукасл. Пред реваншот против Атлетико и Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите за „Би-Би-Си“ зборуваше како е да се соработува со Диего Симеоне.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бев возбуден кога потпишав со Атлетико затоа што знаев дека добивам прилика да соработувам со генијален стратег каков што е Симеоне. Тој е емотивен и опседнат со фудбал“, се потсети Трипие.

„Имаше моменти кога бев во кревет, спиев, а тој ме бараше. Тоа е нешто лудо кое никогаш претходно не сум го доживеал во животот. Ми зборуваше за работи како можам да бидам подобар. Неверојатен менаџер е и луд за фудбал. Среќен сум што имав прилика да работам со него“, изјави Трипие.

Реванш натпреварот помеѓу Јунајтед и Атлетико се игра вечерва од 21:00 часот, а претходниот натпревар помеѓу овие две екипи во Мадрид заврши без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …