Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Tрајковски: Одигравме добри 70 минути, примивме два наивни голови

Tрајковски: Одигравме добри 70 минути, примивме два наивни голови

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Македонската репрезентација вчера беше поразена од репрезентацијата на Австрија со 3:1. Александар Трајковски беше еден од оние што не оставија лош впечаток на теренот, но сепак како да му недостасуваше подобра завршница.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Мислам дека одигравме квалитетни 70 минути. Имавме позитивен резултат, тогаш дојдоа тие два гола според мене наивно примени. Не можам да кажам дека Австрија беше поквалитетна од нас, верувам дека ако продолжиме вака во наредните натпревари ќе дојдеме до подобар резултат. Убаво е да се игра на едно големо натпреварување, мило ми е што дојдоа толку многу луѓе, на крајот криво ми е што немавме позитивен резултат, но ние нема да се откажеме“, изјави Трајковски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра во четврток од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Дарко Чурлинов пред трансфер во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на прагот на нов трансфер, а извесно е дека …