Марота зборуваше, што ќе се случува понатаму никој не знае, но самиот призна дека зад неговата приказна се кријат некои работи кои нема да ги открива.
Бепе Марота зборуваше за преодниот рок на Јувентус. Секако новинарите најмногу ги интересираше дали Јувентус ќе се обиде да го ангажира Донарума, но добија политички одговор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ако играчот е на пазарот, наша должност е да се обидеме“, одговори Марота.
Но, додаде дека во овој момент нема преговори, а за младиот голман смета дека сеуште не е формиран играч.
„Има голема разлика помеѓу талент и шампион. Ова лето нема да дадеме толку пари како минатото за Игуаин, тоа беше нешто посебно“, додава Марота.
Италијанецот потврди дека Челзи испратил понуда од 60 милиони евра за Алек Сандро, но Јувентус нема да преговара иако италијанските медиуми тврдат дека играчот сака да замине бидејќи во Англија би заработувал двојно повеќе.
На крајот Марота призна дека Јувентус преговара со Баерн Минхен за Даглас Коста, но и дека таа работа не е завршена, а ги демантираше информациите дека Јувентус зад грбот на Лотито преговарал со Балде Кеита.
Маркизио и Манџукиќ остануваат, амбициите на Јувентус не се менуваат, како што изјави Марота, победата носи нова поголема глад за победување.