Сосема поинакви најави пристигнуваат денес од турските медиуми кога во прашање е трансферот на Езгјан Алиоски во Галатасарај.
Претходните најави беа дека Алиоски со сигурност ќе потпише за турскиот гигант со оглед на тоа што нема да го продолжи договорот со Лидс. Сега се наведуваат три причини зошто овој трансфер може да пропадне.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата е дека раководството на Галатасарај не може финансиски да одговори на барањата на Џани. Како втор се наведува дека на турскиот клуб му се понудени други двајца фудбалери кои може да ја покријат левата странична позиција.
Третата причина се реакциите на навивачите со оглед на тоа дкеа би дошол од Лидс, клуб кој е еден од најомразените за фановите на Галатасарај.
Останува да видиме дали ваквите најави можат да донесат пресврт во преговорите со Лидс кој се обидува да го убеди Алиоски да остане.