Дома Фудбал Германија Tој не ја остави Борусија, но сега клубот го остава него: Марко Ројс нема да добие нов договор

Tој не ја остави Борусија, но сега клубот го остава него: Марко Ројс нема да добие нов договор

Раководството на Борусија Дортмунд донело одлука која ќе ги растажи сите навивачи на овој клуб, но веројатно и голем дел од искрените љубителите на фудбалот.

Според информациите на реномираниот „Билд“, Марко Ројс нема да добие нов договор и тоа значи дека на крајот ќе си замине. Ројс веќе 12 години е дел од Борусија и помина низ многу добри и лоши моменти, а стана омилен одбивајќи бројни понуди од европските гиганти за да остане верен на Борусија во најтешкиот период.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За разлика од некои негови соиграчи го одбиваше Баерн Минхен и сосема заслужено ги освои срцата на навивачите. Сезонава настапи на 24 натпревари и постигна шест гола.

Се појавија и шпекулации за тоа кој би можел да биде негов следен клуб, наводно тоа е Борусија Менхегладбах од каде што во 2012-та пристигна во Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера отка…