Дома Фудбал Останато TОП 8: Листата на најбрзи фудблаер – Мбапе сепак втор!

TОП 8: Листата на најбрзи фудблаер – Мбапе сепак втор!

Во денешниот фудбал еден од најбитните елементи кои го прават добар фудбалер секако е брзината, а свое место на листата од 8 најбрзи фудблаери се најдоја и некои неочекувани имиња!

Врз онова на собраните податоци од минатата сезона, вклучувајќи го и Светското првенство кое ова лето беше одржано во Русија, беше направена листа на најбрзи играчи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Брзините кои ги постигнаа некои фудбалери навистина се импресивни, а интересно е тоа што рекордот на Робен од 2014. година кога во епскиот натпревар против Шпанија во победата од 5:1 буквално помина како молња низ одбраната и погоди со што постигна брзина од 37 км/х, остана недопрена.

Ние ви ја донесуваме листата од ТОП 8 најбрзи фудбалери од минатата сезона. По освоените титули во Лигата на Шампионите, четири во последните пет сезони, односно три последователни, изгледа дека Герет Бејл и Реал Мадрид полека фаќаат победнички ритам. Велшанецот има постигнато брзина од речиси 37, однсоно 36,9 км/х.

На Светското првенство Мбапе докажа зошто се смета за најдобар млад играч. Со својата репрезентација стигна до златото на Мундијалот, а на натпреварот против Аргентина во осмина финалето од СП постигна брзина со топка од 36 км/х.

Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао оваа сезона е прв стрелец на својата екипа. Овој напаѓач е на третото место на листата благодарение на спринтот од 35,71км/х. Волкот во зимскиот трансфер период се пресели во редовите на Евертон, минатата полусезона како играч на Евертон постигна брзина од 35,7 км/х. Лерој Сане оваа сезона како и целата екипа на Сити делува незаприливо. Во незапирливата машинерија на Пеп Гвардиола, еден од моторите на екипата е Сане кој со своите спринтови им прави големи главоболки на противничките одбрани.

За Џејми Варди (35,48 км/х) се раскажани сите прикази. Сензационалната титула во Премиер лигата од 2016. година со својот Лестер ќе се зборува на внуците, а головите кои ги постигнвуаше таа сезона беа клучни за титулата. Нема сомнеж дека Варди е врвен голгетер, но малку кој обрати внимание на неговата брзина на натпреварот против Арсенал во победата од 3:1, постгина брзина од 35,44 км/х што за еден 31-годишен фудблаер е импресивно.

Интересно е тоа што ѕвездата на Ливерпул, Мо Салах (34,93 км/х) се наоѓа на последната позиција на оваа листа, со оглед на тоа дека се смета за еден од најбрзите играчи во англиската Премиер лига во која минатата сезоа постигна 32 гола и беше прв стрелец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…