Челзи во четвртфиналето од Лигата на шампионитеќ е игра против Реал Мадрид, а победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе оди на подобриот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
„Тежок ривал“, изјави Тухел по ждребот па продолжи:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Предизвикот не може да биде поголем. Реваншот ќе го играме на Бернабеу пред навивачи со што ќе се зголеми возбудувањето кое ги следи овие натпревари. Знаеме што не чека, ќе биде интересно и предизвикувачки“.,
Менаџерот на Челзи во моментот кога ја даде оваа изјава се уште на ја немаше информацијата дека реваншот може да се игра на Стенфорд Бриџ како замена на теремните затоа што Реал и Атлетико не можат да бидат домаќини во ист ден.
Едно од прашањата беше дали Тухел е задоволен што избегнати беа англиските ривали.
„Во оваа фаза поинтересно е кога ќе добиете ривал од друга земја, против англиските клубови и така играме повеќе пати во сезоната“, истакна германскиот стратег.