Дома Фудбал Англија Tретолигаш ги советува своите играчи: Имаме ВАР, внимавајте на носевите и стапалата!

Tретолигаш ги советува своите играчи: Имаме ВАР, внимавајте на носевите и стапалата!

Првата година на ВАР во Премиер лигата сигурно ќе биде запаметена.

Дали по добро или по лошо ќе оставиме да пресудат аналитичарите на Островот. Од коло во коло гледаме конфузни одлуки, главните судии се уште се навикнуваат на видео помошникот додека фудбалерите не знаат дали да се радуваат кога ќе постигнат гол.

Денес во Англија се играат натпревари од ФА Купот, еден се игра на „Вембли“ каде што Вотфорд ќе го пречека третолигашот Тренмер Роверс.

Ова е единствена прилика гостите да почуствуваат како е да се игра со ВАР, па напишаа „предупредување“ на своите играчи.

Клубот на играчите со поголем нос или стапала им порача со задршка да тргнуваат во спринтовите.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрадицијата вели: Реал Мадрид ќе биде шампион!

Реал Мадрид е многу блиску до рекордната 34.титула во Ла Лига откако вчера беше победен Ге…