Што би било кога би било…
Кристиано Роналдо продолжува да испишува фудбалска историја, сега во дресот на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот се најде во центарот на вниманието поради своите голови против Атлетико Мадрид со кои обезбеди четвртфинале за „старата дама“.
Многумина сметаат дека токму поради таквите ноќи Роналдо е доведен во Торино, а поранешниот тренер на Парма Чезаре Прандели открива дека многу порано Роналдо можел да заигра во Серија А и тоа во дресот на Парма.
„Муту во 2003 година направи трансфер во Челзи и ни беше потребна негова замена. Роналдо беше прв на листата. Имаше само 18 години, но веднаш можеше да се забележи дека поседува неверојатен квалитет. Му кажав на директорот Тоси да го доведе што побрзо“.
„Спортинг бараше 12 ипол милиони евра, а ние се обидувавме да ја намалиме цената, Тогаш на сцена стапи Сер Алекс Фергусон и беше јасно дека ќе премине во Манчестер Јунајтед“, откри денешниот тренер на Џенова.
„Млекарите“ во тој период започнаа да ја „растураат“ генерацијата која многу љубители на фудбалот ја сакаа, покрај Муту си заминаа Адријано и Хидетошо Наката.
Во оваа прилика треба да се потсети и на веќе добро познатата приказна за Роналдо и Јувентус кога Марсело Салас во последен момент одбил да оди во Спортинг со што пропаднало и доаѓањето на Роналдо во Јувентус многу порано.
Сепак, ако видиме што се направи во својата кариера Роналдо ги направи виситнски избори.