Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
– Нејмар утрово пристигна во тренинг кампот на Барселона, но како што беше и потврдено од тренерот Велверде, Бразилецот не тренираше. Најголемите светски медиуми пренесуваат дека Бразилецот се поздравувал со соиграчите пред трансферот во ПСЖ. (ОВДЕ)
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Официјално: Интер го доведе фудбалерот на Фиорентина, Матијас Весино (ОВДЕ)
– Трансферот на Нејмар, предизвикува „Домино“ ефект на фудбалскиот пазар, во игра се клубовите на ПСЖ, Јувентус, Арсенал и Ливерпул (ОВДЕ)
– Манчестер Јунајтед е на чекор од доведување на бекот на ПСЖ, Серж Орие. Англискиот гигант е спремен да издвои 30 милиони за услугите на фудбалерот кој ја чека пресудата од инцидентот во еден ноќен во Париз минатиот септември. (ОВДЕ)
– Ѕвездата на Јувентус на Паоло Дибала истакна дека немара да се пресели во редовите на Барселона, покрај тоа и Јувентус сигурно дека сака да го задржи одличниот Аргентинец.(ОВДЕ)
– И покрај најавите дека Ријад Марез е блиску до Рома, управата на Лестер не попушта и за Алжирецот бара 50 милиони евра, во Рома сметаат дека таа сума е превисока.
– ПОТВРДЕНО: Барселона потврди, дека Нејмар побарал и добил дозвола да го напушти клубот.
– После потврдата која пристигна од Каталонија, шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот веќе ги договорил медицинските прегледи пред потписот со ПСЖ и наводно тие се закажани за во четврток.
– Алваро Негредо не тренираше со екипата на Валенсија, Шпанецот е пред трансфер во турски Бешикташ
– Екипата на Јувентус го обнови интересот за Андре Гомеш. Управата на „старата дама“ на ваков потег се одлучи откако Матуди од ПСЖ и Нзози од Севиља беа оценети како прескапи.
– Официјално: Лацио во своите редови го доведе Еквадорецот, Фелипе Каиседо.
