Дома Трансфер зона Бекот на ПСЖ на чекор од „Олд Трафорд“, се чека само пресудата!

Бекот на ПСЖ на чекор од „Олд Трафорд“, се чека само пресудата!

Според ситуацијата во овој момент само францускиот суд може да го спречи трансферот на Серж Орие на „Олд Трафорд“.

Голем број француски медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ го договориле трансферот на Серж Орие и тој би требало да пристигне на „Олд Трафрод“ за сума од 30 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Проблемот во овој трансфер е што Орие во овој момент не може да ја напушти Фрацнија бидејќи му се суди за нападот врз еден полицаец минатиот септември во ноќен клуб Париз. Пресудата веќе беше донесена, но Орие испрати жалба од која исходот се очекува да биде познат следната недела.

Интересно, британските власти му забранија влез на Орие во Велика Британија во натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, но на крајот попуштија па му дозволија да го влезе и да го одигра натпреварот.

Поради сето тоа Жозе Мурињо ќе мора уште некое време да почека за одличниот десен бек да се пресели во Манчестер.

Се очекува Орие во Јунајтед да заработува околу пет милиони евра по сезона за договор на четири години, тој би бил четвртото засилување за клубот од „Олд Трафорд“, пред него во клубот пристигнаа Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …