Дома Фудбал Италија Tиаго Мота се враќа во поранешниот клуб како тренер?

Tиаго Мота се враќа во поранешниот клуб како тренер?

Поранешниот играч за врска на Џенова, Тиаго Мота би можел да го замени Аурелио Андреацоли на местото тренер на тој клуб Изгледаше дека Масимо Карера е фаворит после негативниот одговор на Гатузо, но сега Мота е најблиску.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека сопственикот на тимот од Џенова, Енрико Прециози е заинтересиран да го постави Мота за тренер на првиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој 37 годишен поранешен фубдлаер сега се занимава со тренерска работа, а минатата сезона го предводеше тимот на ПСЖ до 19 години, но во текот на летото ја напушти таа улога.

Во овој момент Мота е во потрага по тренерски ангажман и голема шанса би можел да добие во Џенова.

За Џенова Мота настапуваше во сезоната 2008/2009, пред тоа го носеше дресот на Барселона и Атлетико Мадрид, а после Џенова настапуваше за Интер и ПСЖ.

Ќе потсетиме за Џенова во овој момент настапува нашиот капитен Горан Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе се пожали: Премногу е, ми треба одмор

Француската фудбалска репрезентација вечерва го започнува својот пат во квалификациите за …