Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, зборуваше за ситуацијата на Душан Влаховиќ во италијанскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новата напаѓачка ѕвезда на Јувентус, Рендал Коло Муани, постигна два гола за Јувентус во победата против Комо во гостинскиот триумф со 2:1 во првиот натпревар од 24-тото коло на Серија А.
Влаховиќ целосно го проследи натпреварот од клупата, а за тоа зборуваше тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, за италијанските медиуми.
“Денеска не учествуваше, во претходниот натпревар влезе и придонесе со гол… Денеска беше првиот што истрча кон Коло Муани кога даде гол на крајот. Секогаш тренира многу добро и сигурно дека, како и Даглас, Кефрен и Франсиско, кои беа на клупата, не е среќен што не играше, но тие знаат дека единствениот начин е да продолжат да работат и кога ќе им се укаже шанса, да го дадат најдоброто од себе. Најважно е тимот да функционира”, рече Мота по натпреварот.
“Има простор за сите. Душан му помагаше на тимот досега и беше многу важен играч, бидејќи и кога не беше во оптимална состојба на некои натпревари, по потреба, тој играше, и тоа со фантастичен став. Важен е играч, како и сите останати. Тие знаат дека можат да направат разлика и започнувајќи од почетокот и влегувајќи од клупата, секогаш за доброто на тимот. Досега многу му помагаше на тимот и убеден сум дека така ќе биде и во продолжението од сезоната, бидејќи секогаш е посветен и тренира многу добро.”, вели тренерот на старата дама.