
Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата подобра половина, Георгина Родригез, тоа не ја допира премногу – или барем така изгледа според нејзините последни објави. Додека Португалецот се опоравува од повреда на тетивата, Георгина на Инстаграм сподели “стори” што малкумина ги остави рамнодушни.
На фотографијата која го привлече вниманието на светските медиуми, парот се држи за раце, но во прв план е неверојатен луксуз. Се проценува дека на таа една слика е прикажано богатство вредно околу 18 милиони евра!
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Роналдо е виден како управува со „ѕверот“ – „Бугати” вреден неверојатни 11,8 милиони евра, додека на нивните раце блескаат часовници од марката “Patek Philippe”. Моделот на Кристијано, 5719/10G вреди околу 615.000 евра, додека Георгина носи женски модел вреден 385.000 евра.
Сепак, шоуто го украде вредниот свршенички прстен, чия вредност се проценува на зачудувачки 5,3 милиони евра!
