Дома Моторспорт Светскиот шампион објави фотографија од болница: Само што се врати, а сезоната му е веќе – уништена!

Светскиот шампион објави фотографија од болница: Само што се врати, а сезоната му е веќе – уништена!

Актуелниот шампион на Мото ГП, Хорхе Мартин, ги пропушти воведните трки во новата сезона поради сериозната повреда што ја имаше, а враќањето на патеката ќе го памети по лошата среќа и новата пауза што го очекува! По падот на Големата награда на Бахреин, се веруваше дека Мартин има шест фрактури, но од Априлија соопштија дека по дополнителните прегледи се утврдило дека има вкупно 11 фрактури.

Хорхе Мартин доби тешки повреди на градниот кош, а прво се верувало дека има фрактура на шест ребра. Дополнителните испитувања покажаа дека ситуацијата е уште потешка, но од Азија пристигнале и добри вести за одличниот мотоциклист. Тој помина мирна ноќ во болницата и неговите повреди не влијаеле на мозокот, пршлените и внатрешните органи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Мартин ќе мора да остане во болницата за да се санира пневмотораксот, односно вишокот на воздух во белите дробови и белодробната марамица. Прашање е колку ќе трае тој процес и колку време ќе помине пред повторно да го видиме Хорхе на патеката. Во меѓувреме, Мартин се огласи од болницата со порака која ги шокира неговите навивачи:

Падот на патеката „Лусаил“ во Бахреин се случи осум круга пред крајот на четвртата трка од сезоната. Тоа беше неговата прва трка во 2025 година, бидејќи претходните три ги пропушти поради фрактури на двете рачни зглобови и стопалото. Шпанецот прво за време на тестирањето во Сепанг доби фрактури на рачниот зглоб и стопалото, а пред првата трка од сезоната во Тајланд доживеа и фрактура на другата рака. Засега Хорхе Мартин нема бодови во шампионатот бидејќи заврш

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Во Ред Бул стравуваат: Верстапен има посебна клазула, еве како може да замине на лето!

Зад четирикратниот актуелен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е разочарувачки викенд. …