Дома Фудбал Останато Светскиот рекорд и шампион се пожали: Јадам едно исто, некогаш е досадно

Светскиот рекорд и шампион се пожали: Јадам едно исто, некогаш е досадно

Арманд Дуплантис, еден од најдобрите атлетичари на денешнината, е освојувач на два олимписки злата, два светски првенства, а три пати бил и европски првак.

Шведско-американскиот скокач со стап поставил десет светски рекорди и на 26 години е еден од најголемите спортисти на сите времиња.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Зборуваше за својата специфична исхрана. Дуплантис секој ден јаде исто. За ручек има салата, а за вечера пилешко, лосос, киноа и зеленчук.

“Малку е досадно и тоа ги отежнува работите. Не е забавно да се изгладнуваш. Така е како што е, но го правам тоа за да освојувам медали и да рушам светски рекорди. Понекогаш поради тоа се чувствувам послаб, но кога не тренирам се враќам на нормалното мени.” Причината е затоа што сака да биде што полесен и подобро да лета. Неговата мајка Хелена е образована диететичарка и таа е одговорна за исхраната на Арманд. По минатата сезона го променија начинот на исхрана на Арманд, па Дуплантис од 80 килограми падна на 76.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тишина на Арената: Натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда започна со минута молк (Фото+Видео)

Вечерва во Скопје се игра натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Вардар кој е од хуманитарен к…