Дома Останати Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд

Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис уште еднаш го собори светскиот и сопствениот рекорд во скок со стап.

Дуплантис во Клермон-Феран ја прескокна висината од 6,27 метри и 11-ти пат во својата кариера го собори светскиот рекорд.

Серијата на Мондо со одлични резултати трае од 2020 година кога во Торуњ скокна 6,17 м, потоа два пати го сруши рекордот во Белград 2022 во сала, и од тогаш секоја сезона неколкупати ги поместува границите.

Швеѓанецот двапати беше олимписки и светски шампион и трипати европски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ристовски најавува обнова на „Кале“: Спортските објекти да ги водат федерациите

Раскинати се концесиите за објекти на „Кале“ и за салата „Македонија“ во Прилеп. Ристовски…