Дома Останати Тенис Светот добива нова ѕвезда: Русинка направи сензација во Индијан Велс

Светот добива нова ѕвезда: Русинка направи сензација во Индијан Велс

Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на турнирот во Индијан Велс. Талентираната 17-годишна девојка постигна голем успех во полуфиналето, елиминирајќи ја Ига Швјонтек со резултат 7:6 (7:1), 1:6, 6:3.

За веќе создадениот шампионски менталитет сведочи реакцијата на Русинката на крајот од првиот сет, кога сервираше за победа при резултат 5:4, но и дозволи на противничката да го врати брејкот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа не ја поколеба да го освои тај-брејкот и да поведе во сетови. Полската тенисерка силно возврати во вториот сет, но тоа беше само привремен блесок против, мора да се признае, подобрата Андрејева.

Ова ќе биде нејзино второ последователно финале на турнирите од серијата 1.000 откако претходно го освои турнирот во Дубаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со денешната епска победа урна и низа рекорди!

Српската тениска легенда Новак Ѓоковиќ постигна уште неколку неверојатни подвици откако се…