
Во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите. Се истакнуваат средбите на бранителот на титулата Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, ПСЖ против Ливерпул и Баерн Минхен против Баер Леверкузен. Со оглед на тоа што патот на секој клуб до финалето, кое ќе се игра во Минхен, е познатата, аналитичката компанија Opta објави кој има најголема шанса да стане европски првак.
Нивниот “суперкомпјутер” пресмета дека шансите на Ливерпул за титулата паднале од 20,2 на 17,2 проценти, но сепак остануваат прв фаворит. Тимот на тренерот Арне Слот ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите на првото место со 21 бод, два повеќе од Барселона, Арсенал и Интер. Сите овие клубови се главни конкуренти за освојување на Лигата на шампионите, според Opta.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Барселона е втора, Арсенал трет, Интер четврти, а Реал петти. Најмалку шанси има Феенорд (0,6 проценти), додека пред него се минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд и Клуб Бриж (0,7 проценти).
😡Најголем удар за шансите на Арсенал
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) 21 февруари 2025
😃Барселона доби најголем поттик
🔴 Ливерпул останува фаворит
Како ждрепката за Лигата на шампионите ги засегна шансите на секој тим за освојување на натпреварувањето, според суперкомпјутерот Опта.https://t.co/nA18YgOAHm pic.twitter.com/Bq0dgTWyqO