
Швајцарскиот суд во вторникот ги ослободи поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер во случајот на поткупување што доведе до нивното суспендирање од фудбалот.
Вонредниот жалбен суд во Мутенц треба на 25 март да одлучи за судбината на Платини и Блатер, кои поради измама се соочуваат со до пет години затвор. Како и на првото судење во 2022 година, обвинителот Томас Хилдбранд побара условна затворска казна од 20 месеци, обвинувајќи ги дека во 2011 година зеле два милиони швајцарски франци (1,8 милиони евра) од ФИФА под изговор на непостоечки долг кон Платини.
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Обвинителството тврди дека Платини ја измамил администрацијата на фудбалската организација, со помош на Блатер, поднесувајќи “лажна фактура” кога веќе бил во целост платен за советничката работа од 1998 до 2002 година за Блатер.
Откако скандалот се појави во 2015 година, обвинетите инсистираа дека задоцниле со исплатата на остатокот од надоместокот договорен во 1998 година, кога финансиските средства на ФИФА не дозволувале да се исплати еден милион швајцарски франци годишно, колку што му ветил Блатер усно.
Судиите го сметале “малку невообичаено” одлучувањето за толку висока плата без писмен записник, сведоци и какво било забележување во сметките на светската фудбалска организација, но ги ослободиле Платини и Блатер со образложение дека измамата “не е со сигурност утврдена”.