Дома Фудбал Судијата во Италија му се извини на Јувентус и го обвини Бастони за симулација

Судијата во Италија му се извини на Јувентус и го обвини Бастони за симулација

Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, се извини на Јувентус поради дискутабилниот втор жолт картон со кој беше исклучен дефанзивецот на тимот, Пјер Калулу, при поразот со 2:3 во дербито против Интер.

Тој, исто така, дел од вината за одлуката на главниот судија Федерико Ла Пена ја префрли на дефанзивецот Алесандро Бастони, обвинувајќи го за симулација во конкретната ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Многу ни е жал за овој случај: за одлуката на Ла Пена, која очигледно е погрешна, и за фактот што не можевме да го употребиме ВАР за да ја поправиме. Ла Пена е збунет и ние му сочуствуваме, но морам да кажам дека тој не е единствениот кој направи грешка, бидејќи вчера имаше очигледна симулација. Ова е уште една од серијата вакви појави во првенството, каде на секаков начин се обидуваат да нè извалкаат,” изјави Роки за ANSA.

Според италијанските медиуми, вториот жолт картон на Калулу бил “апсурден” и “непостоечки”, а исто така изразуваат сомнежи и за дали првиот жолт картон на играчот бил неопходен. Во меѓувреме, поранешниот судија Лука Марели ја бранеше одлуката на Ла Пена во врска со првиот жолт картон, но беше категоричен дека во втората ситуација Бастони навистина симулирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комоли за судењето на дербито со Интер: Срамно, едноставно срамота!

Директорот на Јувентус Дамиен Комоли изрази сериозни претензии кон судењето на дербито од …