Дома Останати Кошарка Страшно: Бремената сопруга на славниот кошаркар нападната од ајкула!

Страшно: Бремената сопруга на славниот кошаркар нападната од ајкула!

Бремената сопруга на поранешниот кошаркар од НБА, Данило Галинари, беше нападната од ајкула во Порторико.

Елеонора Бои беше нападната во четврток попладне додека пливала во близина на една популарна плажа во Порторико.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одделот за природни и еколошки ресурси (ДРНА) извести во четврток попладне дека повредата што ја доби жената додека пливала на познатото летувалиште Каролина можеби е последица на гриз од ајкула, пренесува Дејли Мејл.

Данило Галинари, 36-годишен, со потекло од Италија, моментално игра за Ваќерос де Бајамон во Националната супериорна лига на Порторико (BSN).

Капетанот Рубен Мојењо од општинската полиција на Каролина потврди дека жената добила отворена рана на бутот за време на нападот, но дека нејзината состојба е стабилна. Иако официјалните лица не го објавија името на 39-годишната жртва поради безбедносни причини, Мојењо потврди дека станува збор за сопругата на Галинари и нагласи дека таа е бремена.

По инцидентот, таа беше пренесена во болница.

Дополнителни анализи се во тек и се очекуваат резултати од примероците за да се утврди со сигурност дали гризот навистина го направила ајкула, пренесува “Ел Нуево Диа”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…