
Африканската фудбалска конфедерација го објави конечниот исход за санкциите по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации меѓу Мароко и Сенегал. Титулата продолжува да биде во рацете на Сенегал, а финалето нема да биде поништено.
Врховната организација на африканскиот фудбал го суспендираше селекторот на Сенегал, Папе Тиава, на пет натпревари и го казни со 100.000 долари поради “неспортско однесување” кога им нареди на своите играчи да го напуштат теренот за време на финалето против Мароко.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Исто така казна доби и Фудбалскиот сојуз на Сенегал со 615.000 долари поради однесувањето на тимот и навивачите, додека играчите Илиман Ндиаје и Исмаила Сар се суспендирани на две натпревари на CAF поради несоодветно однесување кон судијата.
Од друга страна, Дисциплинската комисија го отфрли барањето на Мароко за поништување на резултатот откако сенегалските играчи го напуштија теренот, што доведе до пауза од 14 минути во играта.
Домаќините, Мароко, добија парични казни во вкупен износ од 315.000 долари поради однесувањето на нивните играчи кои ги тргнаа топките од играта, однесување на играчите и персоналот во ВАР зоната и користењето на ласери од страна на навивачите.
Капитенот на репрезентацијата на Мароко, Ашраф Хакими, е суспендиран на две натпревар, а исто така има една условна суспензија на година дена, додека Исмаел Саибари е суспендиран на три натпревари поради обидите да го одземе пешкирот на сенегалскиот голман Едуард Менди на силен дожд во Рабат.
Селекторот на Сенегал, Тиава, им нареди на играчите да го напуштат теренот во последните минути откако беше поништен нивен гол, а малку подоцна на Мароко му беше досуден пенал кој Брахим Дијаз на крајот го промаши.
На крајот, Сенегал победи благодарение на голот на Папе Гуеје во продолженијата.
Хаотичните сцени во финалето означуваат крај на она што инаку беше успешен Куп на нации, со рекордни приходи за CAF.