Дома Останати Ракомет Српски репрезентативец нокаутира соиграч, па доби кривична пријава од полицијата!

Српски репрезентативец нокаутира соиграч, па доби кривична пријава од полицијата!

Полицијата во Загреб поднесе кривична пријава против ракометарот на РК Загреб Милош Кос (22) за кого се сомнева дека на 27 ноември околу 22:30 часот, по одиграниот натпревар во соблекувалната на Арена Загреб физички нападнал соиграчот Матеј Мандиќ (22).

Како што наведува Полицијата во Загреб, самиот настан не бил пријавен, а тековно се води криминалистичка истрага која започна веднаш по дознавањето за случувањето во медиумскиот простор.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со истрагата е утврдено дека Кос, кој инаку е државјанин на Босна и Херцеговина и Србија, по вербална расправија физички нападнал 20-годишник и сериозно го повредил, а во понатамошниот напад го спречиле соиграчите.

Медиумите претходно информираа дека РК Загреб го суспендирал Кос и неговиот соиграч Звонимир Срна поради физичка пресметка во соблекувалната, која ја предизвикал Кос по поразот од Нант во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првен…