
Големо изненадување на Европското првенство во кошарка – Србија, која важеше за прв фаворит за златниот медал, заврши своето учество уште во осминафиналето. Во драматичен меч одигран вечерва, „орлите“ беа поразени од селекцијата на Финска со 86-92.
Иако уште пред почетокот на шампионатот многумина ја гледаа Србија како сигурен шампион, проблемите со кои се соочи тимот оставија трага. Најголем удар беше повредата на Богдан Богдановиќ, кој мораше да се врати дома уште по групната фаза. Првите знаци на криза се појавија во последното коло против Турција, а кулминацијата дојде вечерва, кога Финците ја искористија секоја слабост на противникот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кај Србија повторно блескаше Никола Јокиќ, кој беше најдобар поединец на теренот со 33 поени и 8 скока. Од останатите играчи единствено Никола Јовиќ со 20 поени беше на нивото, додека другите не успеаја да дадат значаен придонес.