Србија ја победи Франција со 79:67 во Лион во рамките од подготовките за Олимписките игри.
Натпреварот привлекуваше внимание затоа што за Франција играше младата ѕвезда Виктор Вембанјама, а за Србија, Никола Јокиќ кој беше МВП во НБА лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јокиќ играше одлично и за помалку од 20 минути постигна 20 поени и додаде 12 скока. Бојан Богдановиќ додаде 15 поени. Во редовите на Франција најдобар беше Вембанјама со 14 поени и 10 скокови, Јабуселе уфрли 12.
Од играта на Јокиќ беа воодушевени и во редовите на Денвер од каде што објавија видео кога српскиот кошаркар поентира преку Вембанјама со порака: „He’s cooking“, што во буквален превод значи „Тој готви“.
He’s cooking pic.twitter.com/NRmtx82zyc
— Denver Nuggets (@nuggets) July 12, 2024