Дома Моторспорт Срамна одлука на германските политичари за Михаел Шумахер

Срамна одлука на германските политичари за Михаел Шумахер

Предградието на родниот град на Михаел Шумахер, Керпeн крај Келн, не му го додели статусот почесен граѓанин.

Иако Шумахер седум пати во кариерата беше светски првак во Формула 1 и е една од иконите на германскиот и светскиот спорт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа „моментално нема смисла“ и градот има „други приоритети“, велат политичарите во Керпeн, а пренесува “Келнишер Рундшау”.

Советот на Керпeн се повикува на фактот дека локалните закони воопшто не ја предвидуваат титулата почесен граѓанин, а Шумахер е единствената личност кој за време на животот добила своја улица во местото.

Оваа одлука предизвикува гнев кај јавноста, а особено е лут братот на Михаел, Ралф кој реагираше бурно на Инстаграм.

„Повеќе ништо не ме изненадува со политичарите. Тоа е сè што треба да знаете за Германија и нашите политичари! Изгледа дека успесите веќе не се важни. Кога ќе размислите што направи мојот брат за Керпeн со своите успеси, едноставно немам зборови”, напиша Ралф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хакирана страница на ФИА: Откриени лични податоци на Макс Верстапен

ФИА потврди дека дошло до сериозен безбедносен инцидент кој ги загрозил личните податоци н…