Дома Фудбал Срамен потег: Погледнете како Винисиус се обиде да изнуди пенал (Видео)

Срамен потег: Погледнете како Винисиус се обиде да изнуди пенал (Видео)

Реал по трет пат по ред не успеа против клуб од долниот дел на табелата. Во 14-тото коло одигра само 1:1 против Жирона, која се наоѓа во зоната за испаѓање. Со тоа Реал го отстапи првото место на актуелниот шампион Барселона. Жирона поведе со гол на Азедин Унахи во 45-тата минута. За Реал изедначи Килијан Мбапе во 67-та минута од пенал што го изнуди Винисиус.

По тоа Винисиус повторно се обиде да изнуди пенал, но ова го направи со театарско паѓање, и тоа без да биде допрен од противничкиот дефанзивец. Судецот Де Бургос Бенгоечеа не се залажа на глумата на Винисиус, но навивачите на Жирона се огорчени што напаѓачот на Реал не доби жолт картон за симулирање.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал со овој нов неуспех ја продолжи кризата. Во последните пет натпревари само еднаш победи, против Олимпијакос во Лигата на шампионите. Освен спомнатите три нерешени натпревари во Ла Лига (Рајо Ваљекано, Елче, Жирона), во наведениот период загуби и на гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите.

Вини Џр. Фалон д’Флор против Жирона ФК
byu/AniStormS inсокер
.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп не се шегува: Манчестер сити блиску до уште едно големо засилување во овој преоден рок!

Пеп Гвардиола нема лесно да се откаже од титулата во Премиер лигата, а јасно е дека има го…