Дома Фудбал Срамен потег го „засени“ дербито: Емери објасни зошто не се ракуваше со Артета

Срамен потег го „засени“ дербито: Емери објасни зошто не се ракуваше со Артета

Астон Вила доживеа тежок пораз на Емиратс, но повеќе од резултатот внимание привлече моментот по последниот свиреж. Унаи Емери не се ракуваше со Микел Артета, што веднаш предизвика реакции во јавноста. Шпанецот по натпреварот објасни што навистина се случи.

По натпреварот, камерите забележаа момент во кој Емери се приближува до клупата на Арсенал, но не доаѓа до ракување со Артета, што предизвика низа шпекулации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, шпанскиот стратег брзо објасни дека зад сето тоа нема никаква конфронтација.

“Сè е многу едноставно, сè се гледа на снимката. Сакам брзо да го завршам тоа – ракување и потоа во соблекувалната со играчите и стручниот штаб. Го чекав, но беше зафатен со асистентите, па одлучив да си одам. Не гледам никаков проблем во тоа”, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Најдобрите моменти на македонските фудбалери во 2025 година

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави компилација од најдобрите моменти за 202…