Дома Фудбал Спектакуларен гол на Барди само за реми за Македонија

Спектакуларен гол на Барди само за реми за Македонија

Македонската фудалска репрезентација одигра само реми против Казакстан на Арената „Тодор Проевски“.

Во завршницата на првиот дел, „црвено-жолтите“ конечно се разбудија и создадоа неколку одлични можности. Ристовски се обиде со атрактивни „ножички“, потоа следуваа шанси на Велковски и повторно на Ристовски, но мрежата на Казахстан остана недопрена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По грешката на нашата одбрана Казахстан поведе во 54. минута со голот на Динмухамед Караман. Израмнувањето стигна во 74-та минута кога од слободен удар капитенот Барди постигна спектакуларен гол.

До крајот Македонија напаѓаше, создаде и добри шанси, но не успеа да стигне до победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…