Дома Останати Тенис Специјалните патики на Ѓоковиќ ставени на аукција – со нив го сруши рекордот на Федерер (Фото)

Специјалните патики на Ѓоковиќ ставени на аукција – со нив го сруши рекордот на Федерер (Фото)

Патиките на Новак Ѓоковиќ со кои го надмина рекордот на Роџер Федерер од 310 недели на врвот на АТП листата, се ставени на аукција.

Станува збор за „Асикс“ патики на кои пишува „311“, објави компанијата Катаваки која е задолжена за продажбата.

Почетната цена е 1.500 евра, а се очекува да се зголеми на 10-15.000 евра.

Постојат три вакви пара, а најдобриот тенисер на сите времиња ги има потпишано сите три. Еден од двата што веќе се продадени сега е на аукција, а третиот е во сопственост на Новак.

“Оваа аукција им нуди на љубителите на спортот шанса да купат автентичен дел од историјата. Овој пар патики никогаш не е носен, тој не е само сувенир, туку неверојатен артефакт на историјата. Со овој начин сакаме да го прославиме јубилејот на еден од рекордите на легендарниот Ѓоковиќ”, истакна Ана Марија Кровиг, поранешна професионална велосипедистка, а сега експертка за спорт во Катаваки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ испрати порака до тенисерот кој сакаше да си го одземе животот (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ јавно му даде поддршка на аргентинскиот тенисер Федерико Аг…