
Во Доха вчера се одржа церемонија за доделување на наградите на ФИФА за најдобрите во 2025 година, а во центарот на вниманието повторно беше Осман Дембеле.
Французинот беше прогласен за најдобар играч во светот, а исто така беше избрана и најдобрата единаесетка според ФИФА.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Избраниот тим е следниот:
Донарума, Хакими, Пачо, Ван Дајк, Мендес, Витинија, Педри, Белингам, Палмер, Јамал и Дембеле.
За дел од навивачите изненадувачки беше што во оваа престижна единаесетка нема место за Рафиња, кој минатата сезона има извонреден учинок, постигнувајќи вкупно 34 гола и додавајќи 26 асистенции. Дополнително, со 13 голови беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
По завршувањето на церемонијата, неговата сопруга, Наталија Родригес, беше изненадена од изборот.
Наталија ја сподели својата недоверба на социјалните мрежи, каде во веќе избришана објава на Инстаграм саркастично запраша: “Дали Рафиња е кошаркар?”.