Дома Фудбал Солскјер има нова работа, чека потврда од клубот

Солскјер има нова работа, чека потврда од клубот

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција каде ќе го преземе тимот на Бешикташ.

Клубот ја чека потврдата за договорот што поранешниот напаѓач и тренер на Манчестер Јунајтед ќе го потпише до крајот на следната сезона. Норвешкиот стручњак е без работа од ноември 2021 година кога го напушти „Олд Трафорд“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тој ја започна својата тренерска кариера во 2008 година како менаџер на У-21 тимот на Јунајтед. Три години подоцна го презеде Молде и остана таму, со кратка пауза во која се испроба како тренер на Кардиф Сити, до 2018.

Врв на неговата тренерска кариера беше преземањето на Јунајтед, кој во сезоната 2020/21. го доведе до финалето на Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убав гест на ФФМ: Влезот за натпреварот со Летонија ќе биде – бесплатен!

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра пријателски натпревар против Летонија…