Дома Фудбал Снегот не ги промени плановите: Дербито на „Енфилд“ ќе се игра! (Видео)

Снегот не ги промени плановите: Дербито на „Енфилд“ ќе се игра! (Видео)

Фудбалерите наЛиверпул иМанчестер Јунајтед треба да го одиграат дербито на 20. коло од Премиер лигата во недела од 17.30 часот, но се појавија шпекулации дека натпреварот може да биде одложен поради неповолни временски услови.

Снегот предизвикува големи проблеми во Ливерпул, па управата на клубот од „Енфилд“ се огласи со итно соопштение.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


– Утрово се одржа состанок за безбедност за да се проценат временските услови и условите за патување за денешниот натпревар против Манчестер Јунајтед на Енфилд. Во оваа фаза е планирано натпреварот да се одигра нормално и се вложуваат сите напори мечот да се одржи. Следниот состанок ќе се одржи повторно на пладне за да се проценат најновите услови. За сите нови информации ќе ги информираме навивачите што е можно побрзо. Ве молиме, бидете особено внимателни – стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…