Дома Фудбал Случајност или „проклетство“? Сака на 16-ти април не треба да шутира пенали!

Случајност или „проклетство“? Сака на 16-ти април не треба да шутира пенали!

За среќа, Арсенал против Реал Мадрид имаше доволна предност од првиот меч во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па промашениот пенал на Букајо Сака во раната фаза на реваншот немаше значење за исходот на натпреварот, но ги потврди сомнежите дека виталниот крилен фудбалер е “темпирана” бомба кога е збор за изведување на пенали.

Мора да беше знак од Бога кога капитенот на Арсенал, Мартин Едегард се откажал од изведувањето пенал и топката му ја предал на Сака на “Сантијаго Бернабеу” не знаејќи го егзибицизмот кој ќе го изведе повратникот во тимот на Арсенал кога се справи лице в лице со Тибо Куртуа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако репрезентативецот на Англија во текот на кариерата од пенали совладувал такви голмански имиња какви што се Давид Де Хеа, Алисин Бекер и Едерсон, промашувањата од “белата точка” не му биле непознати во кариерата.

Почнувајќи од славната пенал серија против Италијанците пред неполни четири години на “Вембли” па до синоќешната пресметка во Мадрид, Сака во себе носеше семе на не толку сигурен изведувач на пенали.

Во тој контекст, посебно индикативен му е 16 април, бидејќи се зафатил со изведување на пенали токму на годишнината од градското дерби против Вест Хем кога Лукаш Фабијански пред точно две години му одбрани” ударот од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…