Изминативе недели, сведоци бевме на разни шпекулации за евентуалниот трансфер на брилијантниот англиски фудбалер во редовите на најтрофејниот англиски клуб Реал Мадрид, но според зборовите на Арне Слот, од таа работа нема да има ништо бидејќи Ливерпул се надева дека Александер-Арнолд ќе го продолжи договорот.
Со оглед на тоа што Ливерпул веќе во недела во 17:30 часот го очекува големото дерби против Манчестер Јунајтед на „Енфилд“, Слот порача дека Трент Александер-Арнолд ќе биде во тимот против најголемиот ривал во англискиот фудбал.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Ќе ви кажам дека ќе игра и верувам дека ќе ги покаже истите игри како што го правеше тоа во текот на изминативе шест месеци, бидејќи сите видоа колку е одличен. Тој одигра одличен натпревар против Вест Хем, го гледам секој ден како работи на тренинзите. Целосно е посветен и го очекувам во недела на теренот, освен ако не се пожали дека е болен“, наведе Слот.