Дома Фудбал Слот врши притисок: Ливерпул ќе ги урне сите граници поради Исак

Слот врши притисок: Ливерпул ќе ги урне сите граници поради Исак

Александар Исак, еден од најдобрите напаѓачи во светот, официјално побара да го напушти Њукасл.

Ова веднаш ги покрена приказните за неговото доаѓање во Ливерпул. Англискиот шампион покажа огромен интерес, а фактот што пред два дена потпишаа договор со уште еден напаѓач Уго Екитике не менува ништо.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Црвените наводно веќе започнале разговори со шведскиот репрезентативец за неговите лични услови. Подготвени се да понудат дури 140 милиони евра за Исак, што би бил најголемиот трансфер ова лето.

Ливерпул веќе го купи спомнатиот Екитике за 95 милиони, а дури 125 милиони одделија за Флоријан Вирц. Милош Керкез беше платен 47 милиони, а Џереми Фримпонг 40 милиони евра.

Ако се оствари трансферот на Исак, Ливерпул би потрошил неверојатни 450 милиони евра за засилувања.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Арсенал сака четворица фудбалери од ист клуб и ќе понуди 376 милиони евра!

Навивачите на Арсенал ги очекува необично интересно лето, бидејќи раководството на клубот …