
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, денеска објави дека Флоријан Вирц и Конор Бредли се повредени и нема да бидат на располагање на тимот во следниот период.
Холанѓанецот на прес-конференцијата пред натпреварот против Нотингем Форест потврди дека двајцаа имаат помали мускулни повреди, но истакна дека Вирц е во подобра состојба.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
“Двајцата имаат помали мускулни повреди. Не очекувам враќање на Бредли во наредните три недели, додека Вирц можеби нема да паузира толку долго”, изјави Слот.
Со оглед на отсуството на Вирц, Слот планира повторно да го стави Коди Гакпо на левата крило позиција. Поголем проблем претставува фактот што тренерот остана без десен бек, бидејќи Џереми Фримпонг е исто така повреден и нема скоро да се врати на терените. Поради ова, Слот можеби повторно ќе мора да се потпре на крајната десна линија со Доминик Собослај, но опција е и вечниот џокер Џо Гомез, кој оваа сезона нема многу натпревари поради повреди при летните подготовки и на почетокот на првенството.
Распоредот на Ливерпул во следните три недели е исклучително тежок, бидејќи од 22-ри ноември до 13-ти декември ќе одиграат дури седум натпревари. В сабота, на домашен терен ќе го пречекаат Нотингем Форест во Премиер лигата, на 3-ти декември доаѓа Сандерленд, а на 13-ти Брајтон, а меѓу тие датуми имаат и гостувања против Вест Хем и Лидс. Покрај тоа, в среда, Ливерпул ќе го дочека ПСВ во Лигата на шампионите, а две недели подоцна следи гостување кај Интер.
Конор Бредли ќе го пропушти сите овие натпревари и можеби ќе се врати за дуелот со Тотенхем на 20-ти декември. Очекувањата се дека Вирц би можел да биде подготвен за гостувањето кај Лидс на 6-ти декември или пак против Интер три дена подоцна.