Тренерот на Ливерпул Арне Слот потврди дека практично е веќе договорен трансферот на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид.
На одличниот фудбалер на крајот на сезоната му истекува договорот со „Црвените“, но извесно е дека нема да го обнови и од 1 јануари е слободен да потпише за нов клуб, па многу брзо ќе потпише договор со Реал.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Марка“ пишува дека Арнолд веќе ги информирал челниците на Ливерпул дека нема да ја продолжи соработката, додека „Ас“ истовремено известува дека неговиот трансфер во Реал е 90 проценти завршена работа.
Операцијата се забрза последните седмици, а голема улога одигра и најдобриот пријател на Арнолд, Џуд Белингем, кој веќе втора сезона успешно настапува за Кралевите.
После убедливата победа над Вест Хем со 5:0, Слот кратко го прокоментира статусот на Арнолд.
Trent Alexander-Arnold with this celebration after his goal.
— Out Box Liverpool (@OBLiverpool) December 29, 2024
Wonder what it means❗ pic.twitter.com/PrI1Z1cc1v
“Начинот на кој го прослави голот треба да ви каже сѐ”, рече Слот, кој на тој начин практично потврди дека популарниот ТАА ќе го напушти „Енфилд“.
Имено, Александер-Арнолд, наместо своето стандардно славје, реши со рака да гестикулира “само зборувајте”, а тоа е идентична прослава каква што направи токму Белингем кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.
.Jude Bellingham leaves Liverpool fans convinced he’s staying at Borussia Dortmund following goal celebrationhttps://t.co/a1rkQbKzbP
— talkSPORT (@talkSPORT) May 9, 2023