Дома Фудбал Слот испиша историја: Вакво нешто никогаш не се случило во 132 години историја!

Слот испиша историја: Вакво нешто никогаш не се случило во 132 години историја!

Мерсисајд дербито кое синоќа за последен пат беше одиграно на стадионот „Гудисон“ меѓу Евертон и Ливерпул, беше специфично од повеќе аспекти.

Овој натпревар требаше да се одигра уште во декември, но беше одложен поради временски неприлики предизвикани од бурата „Дара“, и заврши со резултат 2:2, така што Евертон израмни со гол во 98. минута од Тарковски. Ливерпул сега е на врвот на табелата со +7 поени предност пред Арсенал. До крајот остануваат уште 14 кола.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Повторно Дејвид Мојес ги предводеше „карамелите“ од клупата, а дополнителен шмек додаде менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

Прв пат во 132 години долга историја, „црвените“ излегоа на градското дерби без ниту еден Англичанец во стартниот состав.

Најблискиот до Англија од првата единаесетка беа Конор Бредли и Енди Робертсон кои заземаа позиции на десен и лев бек, а играат за Северна Ирска, односно Шкотска.

Слот во стартниот состав се одлучи за: Алисон (Бразил), Конате (Франција), Ван Дајк (Холандија), Гравенберх (Холандија), Мекалистер (Аргентина), Гакпо (Холандија), Собослај (Унгарија), Салах (Египет) и Луис Дијаз (Колумбија).

На клупата останаа четворица Англичани – Трент Александар-Арнолд, Куртис Џонс, Харви Елиот и Џарел Кванса.

Во текот на второто полувреме влегоа во игра Трент и Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Мареска: Челси остана без напаѓачи до април

Челси се соочува со сериозни проблеми во офанзивната линија пред продолжението на сезоната…