
Вече долго време Арне Слот е под голем притисок и практично се чека само моментот кога ќе биде отпуштен од клупата на Ливерпул.
Ливерпул одамна се прости со титулата оваа сезона, а во борба за првото место останаа Арсенал и Манчестер Сити.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Слот ќе се обиде да ја спаси сезоната со освојување на Лигата на шампионите, но тешко е да се поверува дека раздрманиот оркестар на Слот тоа ќе го успее.
Навивачите се надеваат дека Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Ливерпул, но тоа, наводно, би требало да се случи дури на крајот на сезоната.
Доколку Слот биде отпуштен пред крајот на сезоната, наводно Џерард би го завршил сезоната како менаџер на тимот од „Енфилд“.
Сепак, Слот не седи со скрстени раце, ако се верува на медиумите од Англија.
Како што пренесуваат Англичаните, Слот веќе е во напредни преговори за нова работа и ќе ја преземе екипата на Ајакс откако ќе се раздели со Ливерпул.