Фудбалерите на Косово би можеле да се соочат со огромни последици поради напуштањето на теренот против Романија во Букурешт.
Косовските фудбалери го прекинаа натпреварот во продолжението при резултат 0:0, а во соблекувалната си заминаа поради скандирањето од трибините.
Романскиот новинар Емануел Росу открива дека одредени фудбалери ќе добијат големи казни
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Ексклузивни извори од УЕФА ми потврдија дека фудбалери на Косово ќе добијат парични казни и суспензија поради соите гестови и провокации кои доведоа до хаос. Ќе потсетиме натпреварот беше прекинат на три минути до крајот при резултат 0:0“, објави Росуи.
Романија групата ја заврши како првопласирана и обезбеди пласман во Лигата Б од Лигата на Нации.
Excl. UEFA sources confirmed to me that Kosovo's players face fines and suspensions for their gestures and provocations that led to the havoc in Bucharest on Friday.
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 18, 2024
Remember that the match was abandoned by the Kosovo NT with 3 mins of added time left. The score was tied at 0-0… pic.twitter.com/cNfUj5idFH