Дома Останати Тенис Македонските тенисерки подобри од Косово

Македонските тенисерки подобри од Косово

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја остварија и втората победа во групата во Ларнака на мечевите од Втората Евроафриканската зона и со тоа го поврдија второто место во групата. Македонија има водство од 2:0 против Косово.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот меч за нешто помалку од два часа игра Магдалена Стоилковска ја совлада Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (26 64 62), додека во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против Форта Морина со 2-0 во сетови (61 60).

Во конкуренција на двојки во третиот меч за Македонија ќе настапат Јана Божиновска и Ана Митевска, додека за Косово ќе настапат Веса Ѓинај и Адријана Лекај.

За македонската репрезентација остануваат да се одиграат уште два меча во разигрувањето за конечен пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа со победа го започна турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Лајпциг, о…