Дома Фудбал Навивачите на Косово го исвиркаа Џака во Приштина

Навивачите на Косово го исвиркаа Џака во Приштина

Косово и Швајцарија одиграа нерешено 1:1 во завршниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со таков резултат, Швајцарија го задржа првото место во групата и директно се пласираше на натпреварувањето, додека Косово ќе игра во дополнителните квалификации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Швајцарија и беше доволен и пораз со разлика до пет гола за да го зачува првото место, а кога Рубен Варгас постигна гол за 0:1 во 47. минута, сите дилеми околу водењето во групата беа решени. Косово успеа да израмни преку Флорент Муслија во 74. минута и ги заврши квалификациите со само еден пораз.

Освен самиот резултат, посебно внимание привлече и реакцијата на косовските навивачи. Тие секој допир со топка од страна на капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, беше проследен со силни свирежи. Неговото семејство е со албанско потекло, но има корени од територијата на Косово, поточно од градот Бесиане. Како изгледаше тоа на стадионот во Приштина, можете да погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Статистичарите пресметаа кој има најголеми шанси за освојување на СП (Фото)

Францускиот тим е најголем фаворит за освојување на титулата светски првак, според пресмет…